Променливо облачно и посвежо време во попладневните часови најавуваат метеоролизите на УХМР за првиот ден од верскиот празник Божик.
Ќе дува умерен, а попладне повремено засилен западен и северозападен ветер наместа со брзина до 65 км. на час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.
Во следниве два дена ќе има повеќе сонце. Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, и ќе биде релативно топло во однос на овој дел од годината. За време на викендот во одделни котлини ќе ќе има услови за појава на магла.