Борбата против картелот Синалоа продолжува: Мексико го екстрадираше синот на Ел Чапо

Сподели со своите пријатели

Мексиканските власти го екстрадираа Овидио Гузман, син на затворениот нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, во САД под обвинение за шверц на дрога, објави американскиот државен обвинител Мерик Гарланд.

Loading...

Овидио Гузман е осомничен дека го водел, заедно со неговиот брат, моќниот нарко-картел Синалоа, основан од неговиот татко, јавува Би-Би-Си.

Тој е обвинет и дека наредил убиство на пејачот кој одбил да настапи на неговата свадба, а бил уапсен во јануари во северната мексиканска држава Синалоа и оттогаш е во притвор.

„Борбата против картелите вклучуваше неверојатна храброст од страна на американските органи за спроведување на законот и мексиканските органи на редот и воениот персонал, од кои многумина ги дадоа своите животи во потрага по правдата“, рече американскиот обвинител Гарланд во изјавата за екстрадицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Гарланд се заблагодари на мексиканската влада што помогнала да се донесе Овидио Гузман во САД.

Неговата екстрадиција доаѓа неколку дена откако Ема Коронел, сопругата на затворениот мексикански нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, беше ослободена од американски затвор.

Таа се изјасни за виновна за трговија со дрога и беше осудена на три години затвор во ноември 2021 година, но предвреме беше ослободена, објави Би-Би-Си.

Нејзиниот сопруг издржува доживотна затворска казна во затвор со максимална безбедност во САД.

Loading...

Овидио Гузман е едно од четирите деца кои Ел Чапо ги имал за време на врската со Гризелда Лопез во 1980-тите и 1990-тите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

Најстариот од нив, Едгар, беше убиен во пресметка на банди во 2008 година.

Ел Чапо има и други деца од претходниот брак и од неговата подоцнежна врска со Ема Коронел.