Боинг донира 1 милион долари за инаугурацијата на Трамп

Сподели со своите пријатели

Американскиот производител на авиони Боинг донира 1 милион долари за инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на компанијата.

Така, Боинг им се придружува на многу големи американски компании, вклучувајќи ги Џенерал Моторс, Форд, Мајкрософт и Мета, во донирањето на инаугурацијата на Трамп на 20 јануари, објави Ројтерс.

Американ ерлајнс во четвртокот потврди дека донира и 1 милион долари.

Американската технолошка компанија Гугл исто така објави дека донирала 1 милион долари во инаугуративниот фонд на Трамп.

Боинг претходно донираше по еден милион долари за секоја од последните три претседателски инаугурации, вклучувајќи ја и првата инаугурација на Трамп во 2017 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп го продолжи рокот за продажба на ТикТок до 16 декември