– По завршување на натпреварот Работнички-МЗТ, тука пред влезот кадешто влегуваат играчите, бевме да се поздравиме со дел од играчите со којшто и лично се познаваме. Од страна на полицијата, коишто беа триесетина на број, почнаа да ги тргаат луѓето. На моето прашање зошто смо ги поместуваат луѓето, односно зошто ги терате луѓето да се тргнат, сакаат само да се поздрават со дел од играчите, дел од полицајците почнаа да ме влечат. Кога прашав зошто мора да се применува сила, ме легнаа на земја, со неколку удари по глава. Потоа ме кренаа и ме однесоа во најблиското полициско комбе.
Богдановиќ тврди дека бил задржан едно 10-15 минути и потоа спроведен во полициската станица Беко.
– Во полициската станица Беко ме задржаа некаде околу три часа. Никој од полицајците не знаеше зошто сме задржани и зошто сме приведени. Неколку пати пробуваа да запишат причина зошто сме санкционирани и однесени во полициска станица. Прво дека сме попречувале лишување од слобода, а потоа дека сме навредувале и на крајот дека сме одбиле наредба да се поместиме, бидејќи ниту нарушувавме јавен ред и мир, ниту правевме проблеми. Сосема спротивно на тоа само сакавме да се поздравиме со дел од играчите со коишто, пак ќе кажам лично се познаваме.