Богатите поради пандемијата купуваат суперлуксузни засолништа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Додека луѓето ширум светот се заштитуваат со ракавици и медицински маски од коронавирусот, оние со подлабоки џебови бараат потрајни и побезбедни решенија.

Loading...

Богатите луѓе ширум светот купуваат бункери, засолништа што ќе им овозможат да ја преживеат пандемијата. Денешните бункери се полуксузни од кога било, а компаниите што ги градат полни раце работа.

Пензионерка „креативно“ ја заобиколи забраната за излегување и го прошета кучето (ВИДЕО)

Главниот извршен директор на компанијата „Rising S“ со седиште во Тексас, Гери Линч, уште во 2016 година изјави дека интересот за високо луксузни подземни бункери никогаш не бил поголем, а откако беше прогласена пандемијата на коронавирусот, неговиот телефон никогаш не престанал да ѕвони.

„Имаме повеќе модели на бункери. Најлуксузен е Аристократ, кој има базен, сауна, теретана, зелени површини и гаражи“, рече Линч.

Рон Хабард, директор на „Атлас Survival Shelters“, рече дека тие промовираат засолништа наречени Безбеден подрум, кои ги инсталираат во некои делови од куќата.

Балканска е мука преголема, за маске упутство нема (ВИДЕО)

„Може да се наоѓа под дневната соба, кујната или гаражата и се состои од безбедна просторија, винарска визба и просторија за оружје“, објасни Хабард.

Loading...

Додека некои претпочитаат да бидат сами, за другите е поинтересно да ја преживеат евентуалната апокалипса во заедница која нуди пореално искуство.

Повеќето вакви засолништа можат да сместат неколку стотици луѓе, а вклучуваат намирници за една или повеќе години и имаат хидропонски градини.

Свештеници во борба против вирусот (ВИДЕО)

Дизајнерите за развој, исто така, работат на создавање заедници со членови запознаени со различните вештини потребни за долгорочен опстанок, од лекари до наставници.

Главниот извршен директор на Вивос, Роберт Вичино, рече дека објектите се опремени како мал град и имаат театар, училници, градини, клиника, бањата и теретана. За оние што бараат уште повеќе луксуз, компанијата нуди и Vivos Europe One, единица претставена како модерна Ноева барка во поранешен магацин за воена опрема во Германија.

„Не ни требаат засолништа од карантини, туку сè што ќе дојде подоцна. Сè додека има потреба, ќе градиме засолништа. Овој свет нема да стане побезбедно место“, заклучува Вицино.

Избегале во планина да се спасат од коронавирусот, завршиле премрзнати и со казна (ВИДЕО)

Членови на светска елита, како што е Бил Гејтс, се шпекулира дека имаат бункери на секој свој имот, бараат бегство од можна апокалипса во бункери, способни да издржат нуклеарни напади, пад на астероиди, војни и пандемии.

Loading...

Leave a Reply