НАТО планира да побара од европските сојузници и од Канада да ги зголемат залихите на оружје и опрема за околу 30 отсто во следните неколку години, изјави за Блумберг висок претставник на Алијансата.
Loading...
Во моментов се разговара за нови цели за воените капацитети на сојузниците на НАТО, кои ќе ги заменат оние поставени пред руската инвазија на Украина, рече истиот извор.
Намерата е тие да бидат усвоени до почетокот на јуни, кога министрите за одбрана на Алијансата ќе се соберат во Брисел, наведува Блумберг.