Блумберг: Ердоган бара средба со Трамп во Белата куќа

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се обидува да организира средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, можеби кон крајот на април, објави Блумберг, цитирајќи турски претставници запознаени со ситуацијата.

Loading...

Ердоган верува дека поблиските односи меѓу Турција и САД се клучни за стабилноста во регионот, особено кога Анкара се обидува да игра поголема улога во посредувањето во конфликтите од Украина до Сирија, се вели во извештајот.

Ниту канцеларијата на Ердоган, ниту Белата куќа не одговорија на барањата на Ројтерс за коментар.

Турција и САД имаат голем број несогласувања во врска со сирискиот конфликт и одбранбената соработка, наведува агенцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп денеска ќе разговара со Путин: „Доаѓаме до многу клучна фаза!“

Вашингтон ја поддржува сириската курдска милиција која Анкара ја смета за терористичка група, потег што Турција остро го критикуваше како предавство на својот сојузник во НАТО.

Исто така, купувањето на рускиот ракетен систем С-400 од страна на Турција во 2019 година доведе до американски санкции и исклучување на Турција од програмата за борбени авиони Ф-35.

Во неделата Ердоган и Трамп телефонски разговараа за напорите за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина, како и за стабилизирање на ситуацијата во Сирија.

Турскиот претседател рече дека Анкара ги поддржува „одлучните и директни иницијативи“ на американскиот претседател за ставање крај на конфликтот и истакна дека тој ќе продолжи да се залага за „праведен и траен мир“, соопшти кабинетот на Ердоган, пренесува Танјуг.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европа ги сака американските научници да бегаат од ударите на Трамп