Блинкен во Египет: Ќе разговара со Ел-Сиси за запирање на војната во Газа

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Египет ќе разговара со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси за запирање на војната во Појасот Газа.

Loading...

Блинкен во средата се состана со претседателот на палестинската управа Махмуд Абас на окупираниот Западен Брег.

Тоа е четврта посета на Блинкен на регионот на Блискиот Исток од почетокот на војната во Појасот Газа, за да се спречи ширењето на конфликтот.

Блинкен му рекол на Абас дека Белата куќа поддржува „опипливи чекори“ кон создавање на палестинска држава, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Блинкен ја повтори долгогодишната позиција на Вашингтон дека мора да има палестинска држава покрај Израел, како и дека двете страни треба да живеат во мир и безбедност, пишува „Тајмс оф Израел“.

Блинкен забележа „зголемена нестабилност“ на Западниот Брег, каде што се забележани бран терористички напади против Израелците и зголемени израелски воени операции.

Забележано е и зголемување на насилството од страна на еврејските доселеници врз Палестинците, пренесува Танјуг.