Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја поздрави поддршката на Германија за Израел во телефонски разговор со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
Loading...
Во соопштението се вели дека Блинкен и Бербок разговарале за итноста за доставување хуманитарна помош во Појасот Газа, заштита на цивилите од напади и напори за спречување на понатамошна ескалација на конфликтот.
Блинкен, исто така, нагласи дека меѓународната заедница прави напори да ги запре нападите на јеменските Хути врз комерцијалните бродови кои пловат во Црвеното Море и да обезбеди поморска безбедност.
Блинкен и Бербок ја потврдија и заедничката поддршка на САД и Германија на Украина, се вели во соопштението.