БК Куманово-84 единствен претставник на „Опен Балкан Куп“ во бокс

Сподели со своите пријатели

Боксерскиот Сојуз на Србија , Телеком MTS Србија и Arena Channels Group денеска и официјално го продолжија договорот за соработка петта година по ред каде Телеком Србија и понатаму ќе биде спонзор на Боксерскиот Сојуз на Србија , додека спортската балканската телевизија Арена Спорт ќе биде носител на ТВ правата.

Loading...

На големата свеченост која се одржа во Белград, поканети беa претставниците на нашиот боксерски клуб Куманово – 84 тим кој ќе биде единствениот претставник од нашата држава во рамките на новоформираното натпреварување во бокс Open Balkan Куп и во кој учество ќе земат тимови од Албанија и Србија и ќе се одржува еднаш месечно , а на кој домаќин ќе биде и нашиот град Куманово на 9-ти и 10.октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дачиќ на средба со Димитриевски, па на прошетка низ Куманово (ФОТО)

 

 

Оваа натпреварување ќе стартува веќе в недела во Смедерево.

Претседателот на Боксерскиот Клуб Куманово – 84 Кристијан Андреевски најпрво на присутните им се заблагодари на поканата за учество на оваа натпреварување.

” Голема благодарност до нашите големи пријатели од Р. Србија кои не поканија да учествуваме и бидеме домаќини во октомври .

Loading...

Ние како клуб како и досега ќе се потрудиме да бидеме одлични домаќини и се ќе направиме да имаме конкурентен тим кој достојно ќе ја претстави нашата држава во оваа ново натпреварување ” порача првиот човек на Боксерскиот Клуб Куманово – 84.

Договорот за соработка го потпишаа директорот на Телеком Србија Владимир Лучиќ, првиот човек на Арена Спорт Небојша Жугиќ и претседателот на Боксерскиот Сојуз на Србија Ненад Боровчанин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ООУ „11 Октомври“ – Куманово одбележува 60 години постоење

Интегрално соопштение