БИЗАРНА НЕСРЕЌА: Правела торта па ја убил блендерот

Сподели со своите пријатели

Французинка (58) загинала вчера пред очите на својот син (15) во бизарна несреќа додека правела торта.

Loading...

Нејзината марама била заглавено на блендерот и се задавила во кујната на нејзиниот дом во Сент Етјен, пренесува Ле Прогрес.

Тинејџерот повикал брза помош, каде му рекле да го исклучи апаратот од струја и да ја пресече марамата.

За жал, несреќната жена не била спасена, и покрај обидите на лекарите да ја оживеат кога пристигнале.

Синот објаснил дека трагедијата се случила додека ја подготвувале тортата, додека обдукцијата и истрагата треба да утврдат што точно се случило.

Leave a Reply