Биљана Ивановска е повторно директор на Општа болница Куманово

Сподели со своите пријатели

Биљана Ивановска повторно е назначена за директор на Општа болница Куманово, откако претходно беше разрешена по неполн месец на функцијата.

Loading...

Таа дојде на позицијата како единствен кандидат на јавниот конкурс на Министерството за здравство, откако истече мандатот на претходната директорка Снежана Захарива.

Меѓутоа, по неполн месец министерот Фатмир Меџити ја разреши без образложение и соопштение до јавноста. При неговата посета новинарите се обидоа да добијат одговор зошто било сторено тоа, но тој не сакаше да даде конкретен одговор.

Ивановска од денеска повторно на чело на една од најголемите болници во државата која опслужува над 200.000 пациенти од Североистокот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  18-годишна девојка приведена оти питачела во Куманово со малолетници

– Професионално, чесно, одговорно и легитимно продолжувам на позиција менаџер на ЈЗУ Општа болница Куманово. Животот е полн со предизвици и како таков треба да го прифатиме. Во соработка со Министерството за здравство ќе ги реализираме проектите кои се дел од мојата програма, а се од исклучително значење за сите граѓани на Куманово и околните шест општини, вели директорката.

Ивановска инаку е вработена во болницата како психолог по општа психологија. Член е на  Психолошка комора на Република Северна Македонија, лиценциран психолог и магистар по бизнис менаџмент.

Никола Ивановски