Амансио Ортега, шпански мултимилијардер според листата на „Форбс“, стана најбогатиот човек во светот.
Амансио кој е основач на модниот гигант „Зара“ успеа да го симне од тронот досегашниот најбогат човек во светот Бил Гејтс.
Гејтс во самиот врв на оваа листа на најбогати во светот беше цели 20 години. Понекогаш се менуваше со мексичкиот телекомуникациски магнат Карлос Слим и американскиот гуру за вложувања Ворен Гафет.
Според „Форбс“ имотот на Орега се проценува дека вреди 79,8 милијарди долари, а на првото место може да се заблагодари на растот на вредноста на акциите на „Indexit“, корпорациско друштво во кое се наоѓа и „Зара“.
Тоа значи дека малиот пад на вредноста на неговите акции ќе го врати Бил Гејтс повторно на листата, бидејќи се работи за листа која „Форбс“ ја прави во реално време.
Компанијата „Зара“ годишно има промет од 20 милијарди долари и на ова завидуваат сите светски текстилни компании со оглед на тоа што „Индетекст“ може само за неколку дена да го дизајнира, произведе и испорача и продаде еден модел и на тој начин брзо и успешно да одговори на барањата на пазарот кои постојано се менуваат.
Ортега е роден во 1936 година и потекнува од сиромашно семејство. За време на крвавата граѓанска војна во Шпанија младоста ја поминал во огромно сиромаштво и беда, а понекогаш и гладувал. Училиштето го напуштил како тинејџер, а во почетокот работел како курир во една продавница.
„Зара“ ја оснвоал на 40 години и постепено го освоил шпанскиот пазар, а потоа португалското, француското, па така денес компанијата ја има скоро низ целиот свет.