Биенална изложба „Скулптури на новото време 2023“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово  во петок со почеток во 19:30 часот ќе буде отворена биенална изложба на скулптури –  „Скулптури на новото време 2023“.

Loading...

Поставката содржи 17 скулптури од поновата продукција на македонски академски скулптори од повеќе генерации.

Единаесеттото издание на биеналната изложба „Скулптури на новото време 2023“ се реализира во многу сложени услови имајќи ги предвид низата на околности коишто претходеа на овој настан.

Тука пред сè мислам на настаните во еден поширок контекст: светската глобална криза манифестирана преку штотуку завршената ковид пандемија, енергетската криза,  војната во Украина и глобалните климатски промени. Сите овие фактори директно се одразија на економските текови а посебен удар почувствуваа индустриите во сферата на општествената надградба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Се чини дека кревкото тело на културата и уметноста најтешко ги поднесува тие удари, во пракса перципирани како значајно намалена уметничка продукција. Во поглед на скулптурата, којашто и пред тоа беше на маргините, можеме да констатираме една состојба на будење од хибернација, состојба којашто сепак дава надеж дека уметничката сцена полека закрепнува.

Впрочем, самото настојување вакви сложени проекти како што е проектот „Скулптури на новото време“ да бидат реализирани во сегашните тешки услови придонесува кон еден оптимистички поглед кон иднината, колку тоа и да звучи нереално.

Во суштина, и самата уметност излегува надвор од рамките на реалноста што, пак, кореспондира со тематските преокупации на скулпторите учесници на проектот од чиишто трудови јасно се гледа бегство од оваа реалност. Од собраниот материјал на 18-те учесници во проектот, сепак може да се види еден континуитет на нивните претходни скулпторски практики и концепти коишто ги дефинираат во идентитетска смисла, како автори со веќе изграден и препознатлив скулпторски израз на којшто можеби е додаден само духот на времето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

Најголемиот дел останува и понатаму во рамките на класичната скулптура иако во светски рамки овој концепт се напушта и во современата скулптура навлегуваат модерните технологии, електрониката, биотехнологијата, роботиката и вештачката интелигенција.

Loading...

Но и покрај сите проблеми со коишто се соочивме, успеавме да собереме една интересна збирка на скулптури за којашто се надеваме дека ќе предизвика поголем интерес во јавноста.

Ние како организатори тргнавме со скромни амбиции и ова издание да биде еден пресек на моменталната скулпторска продукција запишана на страниците на каталогот, документирана на некој веб портал или спомната во некоја емисија од областа на културата.

Инаку, учество на ова издание на изложбата “Скулптури на новото време 2023“ зедоа следниве учесници: Предраг Јаневски – Драшко, Харалампие Манчев – Хари, Ангел Коруновски, Соња Поповска – Трајковска, Андреј Митевски, Александар Јанев, Илчо Стојановски – Илко, Емилија и Стојче Тоциновски,  Горан Ѓорев, Перо Кованцалиев, Маја Танева, Филип Перески,  Синиша Новески, Маја Ралева – Миладиновски, Марјан Стојаноски, Методи Исков и Емил Солески. Да спомнеме дека проектот финансиски го помогна Министерството за култура на РС Македонија а поддршка дадоа и колеги од повеќе институции од областа на културата. Изложбата ќе биде поставена до 26.09.2023 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

Пишува: Роберт Цветковски, историчар на уметноста