Кошаркарите на Куманово и ТФТ нема да се сретнат на натпреварот закажан за 21 октомври кога требаше да се отвори првото коло во Балканската лига.
Loading...
Натпреварот е одложен поради присуство на коронавирус во редовите на ТФТ, поради што натпреварот се одложува за најамлку една недела.
Новиот утврден термин е 27 октомври, кога наместо да се игра второто коло, како што беше планот, ќе се игра првиот натпревар меѓу Куманово и ТФТ, а ќе се прави ротација за закажаните термини на Куманово – Ибар и ТФТ – Берое.
Никола Ивановски