Внимателно избрани зборови во соопштението на кралската палата за нарушеното здравје на кралицата Елизабета Втора сугерираат „дека нешто сериозно се случува“, изјави Ричард Самнер, поранешен дописник од Бакингемската палата, за Би-Би-Си во четвртокот.
Малку порано Бакингемската палата објави дека лекарите се загрижени за здравјето на 96-годишната британска кралица Елизабета и дека таа е под медицински надзор.
„Палатата секогаш дава кратки, благи изјави и затоа уште од почетокот се сомневав дека тоа е нешто повеќе од проблем со движењето“, рече тој.
„Покрај напредната возраст на кралицата, може да има и други сложени медицински проблеми“, рече Самнер.
„Природно е дека 96-годишник не може да има здравје како 25-годишник“, додаде тој.
„Да се надеваме дека тоа е минлива бура што може да се надмине, но судејќи според внимателно избраните зборови на Палатата, нешто сериозно се случува“, рече Самнер.
„Луѓето кои ја запознале кралицата велат дека таа е ментално чиста и дека сепак е многу заинтересирана за сè“, додаде тој.
Се чини дека „телото изневерува – иако не е јасно на кој начин и колку лошо“.
Палатата извести дека кралицата Елизабета Втора останува во својот шкотски дом, замокот Балморал, во кој во меѓувреме побрзаа сите членови на потесното семејство.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.