Да се освои главната награда на „Eternal Splendor“ лотаријата на државата Колорадо, шансите изнесуваат 1:840.000, но на бездомникот Мајкл Ингфорс (60) му се случило баш тоа.
Мајл Ингфорс во последните шест години е без кров над главата, но се надева дека ја поминал последната ноќ спиејќи на подот. Откако останал без работа и се развел, започнал да пие, но не се предавал.
Мајкл го допре дното и беше на работ, меѓутоа не се предаваше. Знаеше дека тркалото на сеќата ќе се сврти, доколку биде истраен – вели Џереми Ковалис од шатлерот за бездомници во градот Аспен.
Овој шеесетгодишник тикетот го купил во продавница на бензинска пумпа. Кога го изгребал бројот, истрчал од продавницата врескајќи од воодушевување, а потоа ја поминал последната ноќ спиеќи на подот во локалната црква.
Го прашав што ќе направи со тие пари, а тој ми одговори дека ќе оди на некои курсеви, но и да воспостави врска со својата ќерка, која ја нема видено веќе 20 години – вели Ковалис.
Оваа интересна приказна може да биде инспиративна за многу луѓе во светот, а колку вие самите редовно играте игри на среќа?