Четири локации во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти на водоводната мрежа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
Без вода ќе останат жителите од улицата „Босанска“, населбата Средорек, м.в. Стари лозја, како и дел од булеварот „Октомвриска револуција“ (сектор Стаклопан).
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски