Без струја повеќе села во кумановско, прекини во градот утре

Loading...
Сподели со своите пријатели

Поради дефекти од рано утринава без електрично напојување се повеќе села во кумановскиот крај.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини има во селата Кокино, Рамно, Арбанашко, Осиче, Перен, Длабочица, Цветишница, Бујковјане, Пелинце, Граничен премин Пелинце и Вратогурце.

Прекини се најавени и за утре кога во период од 08:00 до 09:00 часот без електрична енергија ќе бидат локациите: „3-та Македонска Ударна Бригада“ (Гостилница „Дома“, сендвичара „Џипси“, маркет „Суперсрк“, локал „Тифани“, месара до локал „Тифани“, Железера „Тамара-Дерм“).

Во период пак од 08:00 14:00 без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Бајрам Шабани“.

Никола Ивановски

Leave a Reply