Делови на Куманово денеска ќе бидат привремено без напојување со електрична енергија во текот на денот.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 10:00 до 14:00 часот прекини ќе има на дел од улицата „Ѓорче Петров“ во населбата Перо Чичо, поточно делот околу компанијата „Екстра меин“.
Во период од 07:45 до 10:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат објектите на улиците „Борис Кидрич“, „Карл Маркс“, „Пробиштипска“, „Димитрије Туцовиќ“ и „Киро Фетак“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дострибутивната мрежа.
Никола Ивановски