Без струја денеска и утре овие делови од Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска и утре привремено ќе бидат без напојување со електрична енергија, поради најавени прекини.

Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 08:00 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од улицата „11 Ноември“ (во близина на маркет „Селман“) како и дел од улицата „Србо Томовиќ“.

Во период од 08:15 до 12:15 часот прекини денеска ќе има и кај локалитетот Сокара Кватро.

Бес струја денеска ќе биде и селото Стрезовце, поради реконструкција на мрежа.

Утре во период од 08:30 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улицата „300“ (од магистрала до чешмата во Ајдучка чешма).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Листата на Алексадар Вучиќ победи на гласањето во Куманово

Прекини утре ќе има и кај корисниците од улицата „Доне Божинов“ и дел од булеварот „Октомвриска револуција“, но периодот на исклучување е нејасен оти од Електродиструбиција имаат наведено дека напојувањето ќе биде исклучено од 08:41 до 08:30 часот.

Станува збор за најавени прекини поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски