Без струја денеска и утре неколку локации низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Неколку локации низ кумановско денеска и утре ќе бидат привремено без електрична енергија во текот на денот.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:30 до 14:30 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има кај корисниците во населбата Иго Тричковиќ (Пуковско), како и селото Љубодраг.

Во истиот период денеска без струја ќе биде и липковското село Ропаљце.

Утре во период од 08:30 до 14:30 часот прекини се најавени за селата Кокошиње, К’шање, Пезово, Кутлибег и Мургаш.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повредени полицајци при обид да сопрат шверцер на мигранти од Липково

Никола Ивановски