Бесплатно патува низ Европа шармирајќи ги девојките преку оваа апликација (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ова момче (25) од Брисел тврди дека е првиот човек на светот кој ја пропатувал цела Европа, а притоа не потрошил ниту цент.

Судејќи по неговите зборови, тоа му успеало благодарение на Тиндер – мобилна апликација за пронаоѓање партнери.

Снаодливиот Бота посетил 20 градови, преку Тиндер запознал наводно 3.000 жени, а сместување во својот дом му прижиле дваесетина од нив.

https://www.instagram.com/p/Bd-v2TfFoX0/?utm_source=ig_embed

Loading...

Ентони користи Тиндер Плус, платена верзија на апликацијата која овозможува да изберете град во кој сакате да запознаете луѓе. Потоа контактирате лица во тој град и кај оние со кои најдобро се „кликнувал“ момчето обично и пресипвал.

– Не сум премногу захтевен, затоа што на крајот на краиштата, се што барам е место каде можам да преспијам, вели момчето додавајќи дека најмногу сака да запознае згодна девојка, но свесен е дека не може секогаш да биде така.

 Бота тврди дека успеал да пронајде сместување во секој град кој сакал да го посети, освен во Виена, поради што набргу отпатувал на само час враме одалечената Братислава.

Во некои градови минал само ден или два, но таму каде работите со девојките добро се одвивале останувал и подолго.

https://instagram.com/p/BV6dkD9F-7q/?utm_source=ig_embed

Во Минхен, на пример, останал пет дена затоа што куќата имала базен, сауна и теретана, пишува Дејли Мејл.

– Некогаш спијам со девојките кај кои одам, но често завршувам и на каучот. Не е важно како девојките изгледаат, најважно е да ме угостат, вели Ентони кој најавува патување и надвор од Европа.

Меѓу приритетите му е Нов Зеланд затоа што смета дека жените таму се полиберални.

Leave a Reply