Одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да се откаже од својата кандидатура за нов претседателски мандат покажува дека актуелниот претседател на САД е подготвен да ги стави интересите на својата земја над своите, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
„Имам голема почит за одлуката на американскиот претседател“, рече таа.
Бајден во неделата објави дека се повлече од кампањата за реизбор на претседателските избори на 5 ноември.
Бајден рече дека ја поддржува американската потпретседател Камала Харис како демократска кандидатка на претседателските избори, каде што таа ќе се спротивстави на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
Лидерите на Демократската партија во сите 50 американски држави ја поддржаа потпретседателката Камала Харис како нов кандидат на Демократската партија, кој ќе му се спротивстави на Трамп на претседателските избори во ноември.