Белоруски суд осуди нобеловец на 10 години затвор

Сподели со своите пријатели

Судот во Белорусија го осуди добитникот на Нобеловата награда за мир Алес Бјаљацки на 10 години затвор во петокот, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Loading...

Бјаљацки, продемократски активист и основач на организацијата за човекови права Весна (Пролет), која обезбедуваше правна и финансиска помош на демонстрантите за време на бранот немири во Белорусија во 2020 година, беше осуден за финансирање протести и затајување данок.

Групите за човекови права велат дека има околу 1.500 политички затвореници во Белорусија, многумина уапсени по задушувањето на протестите во 2020 година, кои избувнаа откако Александар Лукашенко беше реизбран на изборите што Западот и белоруската опозиција рече дека биле наместени.

Бјаљацки ја доби Нобеловата награда за мир за неговата работа за човековите права и демократијата, споделувајќи ја со руското здружение за права Меморијал и Украинскиот центар за граѓански слободи, но беше уапсен во 2021 година со уште двајца соработници од Вијасна.

Оттогаш тој е во затвор и важи за политички затвореник.