Белоруската опозиционерка Марија Колесникова на интензивна нега

Сподели со своите пријатели

Опозициската политичарка и учесничка во белоруските протести Марија Колесникова, која одлежува доцна затворска казна поради загрозување на националната безбедност, по операција е префрлена на одделението за интензивна нега во болницата во градот Гомел, напиша белорускиот опозиционер Виктор Бабарико на „Телеграм“.

Loading...

Бабарико, кој исто така издржува затворска казна, напиша дека Колесникова е „во стабилна, но тешка состојба“, објави Ројтерс.

На истиот канал на Телеграм беше објавено дека на Колесникова ѝ е извршена хируршка процедура, но „дека други детали не се познати“.

Опозициската политичарка и учесничка на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановска на „Твитер“ напиша дека „адвокатот на Колешникова не смее да ја посети“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна авион во Чиле. Шестмина загинати!

„Неодамна дури беше префрлена во казнената ќелија. Мораме да направиме се што можеме Марија да ја добие сета помош што и треба“, рече Тихановска.

Колесникова минатата година беше осудена на 11 години затвор, откако беше обвинета за загрозување на националната безбедност и повикување на дејствија што ѝ штетат на националната безбедност преку употреба на медиуми и интернет.

Таа беше уапсена во 2020 година и одведена на граница, каде и беше кажано да ја напушти земјата, а наместо тоа, според Ројтерс, и го скинала пасошот.