Бељаковце сè уште гори: Изгоре куќа, авиони полетаа кон селото (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една куќа изгоре во пожарот кој вчера започна во атарот на кумановското село Бељаковце, а кој беше активен и во текот на целата ноќ.

Loading...

 

 

– Пожарникарите на ТППЕ Куманово беа фокусирани на заштита на куќите на ова село од разбиен тип, кои се расфрлани на неколку ридови. За жал една стара куќа чиј сопственик не живее во неа туку ја користи повремено, беше зафатена од пожарот и целосно изгоре, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

 

 

Loading...

Поради заканата по други куќи како и опасноста огнот да влезе во блиската борова шума, кон селото Бељаковце полетаа трите ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

 

 

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски