Белгија: Сите индикатори за Ковид-19 растат, ситуацијата се влошува

Сподели со своите пријатели

Институт за јавно здравје на Белгија информираше дека стапките на инфекција, хоспитализација и морталитет од Ковид-19 се во подем во споредба со претходната седмица, главниот град е најтешко погоден, јави дописничката на МИА од Брисел.

Loading...

Бројот на новозаразени од коронавирусот помеѓу 3 и 9 октомври е зголемен за 79 отсто во споредба со претходната седмица, соопшти Институтот. Главниот град Брисел бележи највисока стапка на новозаболени, но бројките се во пораст во целата држава.

Што се однесува до хоспитализациите, кои до сега беа релативно стабилни, властите предупредуваат дека и тие со во подем, со 123 нови пациенти примени во последните 24 часа. Минатата недела оваа бројка изнесуваше 87. Бројот на новохоспитализирани лица бележи раст од 68 отсто.

Од вкупно 1472 лица хоспитализирани за Ковид-19, 267 се на интензивна нега, а регистрирани се 20 нови смртни случаи во измината недела.

Стапката на позитивност на тестовите достигна 11,1 отсто на национално ниво, во Брисел стапката е 18 отсто.

Тања Милевска, Брисел

Leave a Reply