Бектеши: Со Албанија ќе реализираме проекти за инфраструктура за снабдување со гас

Сподели со своите пријатели

Министерот за економија Крешник Бектеши во рамки на Втората меѓувладина седница на Владите на Северна Македонија и Албанија со неговите колеги Белинда Балуку, министер за инфраструктура и енергетика на Албанија и Едона Биљаљи, државен министер за заштита на претприемништво на Албанија потпиша два Меморандуми за соработка.

Loading...

Меморандум за соработка во енергетиката и Меморандум за соработка за развојот на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија и стартапи.

Земајќи ги предвид поволните услови на двете земји за проширување на енергетската соработка како и важноста и бенефициите од билатералната соработка во енергетскиот сектор и енергетските ресурси заради взаемна корист и во согласност со принципите на легислативата на ЕУ и Договорот за основање на Енергетска Заедница со Меморандумот за соработка во енергетиката е предвидено да се интензивира билатералната соработка во енергетскиот сектор согласно национални политики и стратегии на Северна Македонија и Албанија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Потребите од струја целосно задоволени со сопствено производство, тврди Владата

Целта на Меморандумот за соработка во енергетиката е да создаде рамка за соработка меѓу двете страни за подготовка и реализација на заеднички енергетски проекти, главно кои се однесуваат на инфраструктурата за природен гас и ТНГ терминалот во Валона, како и обновливите енергии.

Исто така, преку него ќе се реафирмира волјата и подготвеноста на страните за долгорочно планирање на инфраструктурата и координиран развој на поврзаноста Албанија – Северна Македонија, со фокус на подобрување на енергетската безбедност во регионот на Западен Балкан и сигурно снабдување со енергија.

По стапувањето во сила на овој Меморандум, ќе се формира Мешовит комитет составен од експерти од двете страни, со цел гарантирање и ефикасно спроведување на активностите за соработка во рамките на овој Меморандум.

Целта на Меморандумот за соработка  за развојот на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија (МСП) и стартапи е да се зајакне соработката меѓу Северна Македонија и Албанија овозможувајќи меѓусебна размена на информации и споделување искуства поврзани со прашања кои се однесуваат на претприемништвото и подобрување на еко системот за МСП и стартапи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријави за бомби во училишта и трговски центри во Скопје

Со овој Меморандум двете земји ќе соработуваат во делот на приближување на националните и регионалните политики во усогласување со правото на Европската унија и поттикнување на регионална соработка и развој во однос на прептриемништвото и подорбување на еко системот за МСП и стартапи и ќе работат на развој на административни капацитети за имплементација на Стратегиите на двете страни во опфатените области.

Loading...

Со Меморандумот е предвидено организирање заеднички активности и учество на конференции, форуми, самити или работилници, како и изготвување проекти во области кои заеднички ќе бидат определени за да аплицираат за дополнителни финансиски ресурси за регионална соработка со цел да се зголемат областите прифатливи за двете Страни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Потребите од струја целосно задоволени со сопствено производство, тврди Владата

Во своето обраќање на заедничката меѓувладина седница министерот Бектеши потенцираше дека Република Северна Македонија и Република Албанија имаат голем простор за соработка во енергетскиот сектор со проектите што почнаа да се реализираат во Албанија, каде што се предвидува да биде дел и Северна Македонија.

„Со колегите од Албанија работиме за да се забрза имплементацијата на проектот за трансмисија, што ќе даде дополнителна можност енергетските пазари на Северна Македонија и Албанија да се интегрираат и заедно да ја имаат првата берза за електрична енергија овде во регионот. Исто така, надлежните министерства треба да го решат и прашањето за олеснување на процедурите за увоз на земјоделски производи. Нашите две земји ќе ја продолжат соработката со единствена цел да се интегрираат во олеснувањето на трговијата“ кажа министерот Бектеши.