Затворскиот конвој бил нападнат кога Мохамед Амра (30) се враќал во францускиот затвор Evreux по судското сослушување на 14 мај.
Три месеци откако беше ослободен од притвор во насилна заседа, шефот на француската банда познат како „Мува“ се уште е во бегство.
Мохамед Амра е на слобода откако конвојот што го превезуваше во затвор беше нападнат од вооружени лица.
Во заседата загинаа двајца затворски чувари.
Мохамед Амра (30) е осуден нарко бос од северна Франција, кој е осомничен за вмешаност во убиства во Марсеј и Шпанија.
За време на нападот во Руан тој бил ослободен за околу две минути, а се чини дека и три месеци подоцна властите не се поблиску до негово апсење, пишува Sky News.
„Фрустрирачки е за сите оние кои работат во затворскиот систем бидејќи немаше брзи апсења. Сите го чекаме и сега се што сакаат нашите колеги е одговорните да бидат пронајдени, уапсени и изведени пред лицето на правдата, на крајот да бидат затворени“, коментира Вилфред Фонк, национален секретар на францускиот синдикат на затворски чувари.
Затворски конвој беше нападнат кога Амра се враќаше во затворот Evreux по судското сослушување на 14 мај.
Надзорните снимки покажуваат дека затворското комбе забавило за да помине низ наплатната рампа, а потоа на него удрило црн џип.
Мажи облечени во црно, со скриени лица и наводно држејќи воено оружје, излегле од возилото и отвориле оган.
Потоа им се придружиле лица од друго возило.
За време на нападот беа застрелани двајца затворски службеници, а уште тројца беа тешко ранети.
По Мува сè уште е распишана црвена потерница од Интерпол бидејќи Франција сака да го приведе доколку биде забележан во друга земја.
Но, три месеци по неговото драматично бегство, нема ни трага од него.
„Фактот што полицијата сè уште бара информации и сведоци не дава голема надеж за тоа каде се наоѓа. Дали ја напушти земјата? Или воопшто е сè уште жив? Едноставно не знаеме“, коментира Фонк.