Утринава заминаа бегалците кои вчера загалвија на ПТЦ Табановце, откако беа вратени од српските власти поради старите потврди кои им беа издадени во Гевгелија.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за 367 бегалци од Авганистан, но бројката беше околу 950, според кажувањата на волонтерите од кампот.
Проблемот настана поради новиот систем на издавање потврди на бегалците. Од сега документите ќе содржат жиг кој ќе биде скоро невозможно да се фалсификува и со нив ќе бидат сменети старите регистрациски документи кои до сега беа користени.
Новиот тип ан документи ќе бидат издавани во Гевгелија и со нив бегалците ќе бидат транспортирани директно до Прешево.