Околу 950 бегалци заглавени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Околу 950 бегалци од ноќеска се заглавени во транзитниот центар Табановце, откако од српска страна полицијата не ги пропушта бегалците кон Миратовац поради извесен проблем со издавање на потврдите на бегалците кои се издаваат во ПТЦ Гевгелија, информираат волонтерите кои се наоѓаат на Табановце.

Според нивните кажувања од вчера требало да започне издавање на нов вид на документи на бегалците согласно претходно потпишан договор за пропуст на бегалците кон земјите од Европската унија. Наводно бегалците вчера повторно добиле стар вид на документи што создало пречка истите да продолжат кон Прешево.

Истите се згрижени од невладините организации кои велат дека веќе во попладневните часови се очекува да добијат нови потврди на Табановце со кои ќе добијат можност да преминат на српска страна.

Засега се уште нема официјални информации за тоа зошто и покрај официјално потпишаниот договор, бегалците добиле стар тип на документи на ПТЦ Гевгелија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.