Банката на Русија најави подолг период на строга монетарна политика

Сподели со своите пријатели

Во најновиот информативен и аналитички коментар Банката на Русија најави подолг период на строга монетарна политика со цел да се намали инфлацијата во таа земја.

Loading...

Тековниот раст на потрошувачките цени во Русија забави во јуни, но инфлациските притисоци се повисоки отколку во првиот квартал од 2024 година, така што тесните монетарни услови треба да се одржуваат подолго од првично предвиденото во април, се вели во коментарот.

Годишната стапка на инфлација во Русија порасна во јуни од 8,3 отсто во мај на 8,59 отсто, додека на месечно ниво цените пораснаа за 0,64 отсто во однос на мај, пренесува Комерсант.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин бара нови војници за фронтот: Ќе се простат долговите на секој што ќе аплицира

На последниот состанок за монетарната политика на 7 јуни, Банката на Русија ја задржа референтната каматна стапка на 16 отсто по четврти пат по ред, а гувернерот Елвира Набиулина предупреди дека е можно значително зголемување на каматните стапки доколку не стивнат инфлациските притисоци.

Следната седница на Банката на Русија, на која ќе биде донесена одлуката за референтната каматна стапка, е закажана за 26 јули, пренесува Танјуг.