Бактериите од храната можат да предизвикаат бројни инфекции

Сподели со своите пријатели

Честа појава е по консумирање одреден вид храна, да се јавуваат здравствени проблеми.

Loading...

Храната од животинско потекло, како и риба и морски плодови, зеленчук и овошје, се особено погодни за размножување на бактерии, освен ако не се добро измиени пред консумирање.

Тежината на труењето не зависи од видот на храна што се внесува, туку од бројот на внесени микроорганизми или од количината на токсини, од можноста на микроорганизмот да предизвика болест и од осетливоста на домаќинот.

Најчувствителни се новороденчињата и малите деца, постарите лица со хронично заболување и лицата со нарушен имунитет.

Image by Darko Djurin from Pixabay

Ешерихија коли

Коли е стапчеста грам-негативна бактерија која живее во цревата на здрави луѓе и животни. Често се наоѓа во храна како што се недоволно варено говедско месо, сирово млеко, сокови и загадена вода.

Loading...

Симптоми на оваа инфекција се дијареја, болка во стомакот и повраќање, која може да трае од пет до 10 дена.

За да се избегне инфекција, месото треба добро да се готви. Овошјето и зеленчукот треба темелно да се мијат пред јадење или готвење и да се избегнува непастеризирано млеко.

Image by Gerd Altmann from Pixabay

Салмонела

Оваа бактерија обично се наоѓа во јајца и месо, а понекогаш и во неизмиено овошје и зеленчук.

Можни знаци и симптоми се гадење и повраќање, болки во стомакот, дијареја, треска, температура или главоболка и обично траат меѓу четири и седум дена.

Повеќето луѓе се опоравуваат без лекување, но инфекциите со Салмонела можат да бидат посериозни кај постари лица, доенчиња и лица со хронични состојби. Ако не се лекува, салмонелата може да се шири во други органи преку крв, што понекогаш може да биде и фатално.

Loading...

Треба да се избегнуваат сирови и недоволно варени јајца и месо за да се спречи инфекција. Не ставајте зготвена храна на чинии на кои стоело сирово месо. Рацете, табли за сечење, кујнски површини и прибор за готвење треба темелно да се мијат по ракувањето со неварена храна.

Image by WikiImages from Pixabay

Листерија

Листерија се моноцитогени бактерии кои се наоѓаат во почвата и водата, а исто така се присутни во сирова храна, непреработена храна и непастеризирано млеко.

За разлика од другите бактерии, листерија може да расте и да се шири дури и во фрижидер.

Симптоми на инфекција вклучуваат треска, главоболка, грчеви во стомакот и повраќање. За некои, болеста може да биде посериозна, па дури и погубна. Луѓето со зголемен ризик од добивање на листериоза се бремени жени на возраст над 50 години, како и оние со слаб имунолошки систем.

Loading...
фото: Википедија

За да се спречи листеријата, целата сирова храна, особено овошјето и зеленчукот, треба темелно да се мијат под проточна вода пред да се консумираат, дури и ако подоцна ги излупете или зготвите.

Овошјето и зеленчукот со тврда кора, како што се краставиците, исто така, треба добро да се мијат. Гответе го или пржете го месото што подобро пред да го јадете. Консумирајте ја готовата храна веднаш. Не чувајте храна во фрижидер подолго од пропишаниот рок на траење.

Вибриони

Бактериите Vibrio parahaemolyticus живеат во солена вода, и често се наоѓаат во сирови морски плодови. Луѓето кои јадат сирова или недоварена школка обично се заразуваат во рок од 24 часа.

Симптоми се дијареја со грчеви во стомакот, гадење, повраќање, температура и треска и може да трае до три дена. Тешките инфекции се ретки и се јавуваат почесто кај лица со ослабен имунолошки систем.

Loading...

Повеќето инфекции може да се спречат со варење на морската храна.

фото: Википедија

Кампилобактерии

Campylobacteri се бактерии во форма на спирали кои го населуваат дигестивниот систем на кокошки и крави, честопати без знаци на болест.

Loading...

Повеќето луѓе кои добиваат кампилобактериоза добиваат дијареја, грчеви, болка во стомакот и треска во рок од два до пет дена по изложеноста. Болеста обично трае околу една недела.

Според Светската здравствена организација, околу 13 случаи на кампилобактериоза се дијагностицираат на секои 100 000 луѓе секоја година.

фото: Википедија

Повеќето инфекции се претежно благи, но можат да бидат опасни и за малите деца или постарите лица.

Loading...

За да се избегне оваа инфекција, гответе го месото доволно долго, измијте ги рацете по контакт со сировата храна и консумирајте само млеко што е пастеризирано.

Leave a Reply