Бајден: Ракетата што падна врз Полска беше украинска

Сподели со своите пријатели

Белата куќа официјално објави дека американскиот претседател Џо Бајден свикал итен состанок на лидерите на Г7 во врска со синоќешната експлозија во Полска предизвикана од два проектила.

Loading...

Ројтерс пренесува дека извор од НАТО објавил дека американскиот претседател Бајден ја информирал алијансата дека проектилот што падна врз Полска и уби две лица е украински проектил за воздушна одбрана.

Потсетуваме, претседателот на САД им се обрати на новинарите, велејќи дека првите информации укажуваат дека е можно проектилите кои паднале во Полска да не биле истрелани од Русија.

– Не сакам да кажам ништо дефинитивно додека не се направи целосна истрага. Но, поради траекторијата на проектилите, мала е веројатноста дека биле испукани од Русија. Сепак, ќе видиме што ќе донесе истрагата. Иако првичните информации сугерираа дека Русија е вмешана, прелиминарните истраги го оспоруваат тоа. Но, исто така, Русија со своите постапки продолжува да ја влошува ситуацијата во Украина – рече Бајден во обраќањето во живо на Си-Ен-Ен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бланар: Членството на Украина во НАТО ќе создаде дополнителни конфликти