Бајден: Путин греши ако се надева дека Западот ќе престане да ја поддржува Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден изјави дека рускиот претседател Владимир Путин греши ако мисли дека Западот ќе изгуби интерес и ќе престане да ја поддржува Украина.

Loading...

 

Украинска армија: Русите продолжуваат да го блокираат Харков

 

„Додека Русија ја продолжува својата бруталност против Украина, Путин се надева дека ќе изгубиме интерес. Тој се обложува дека единството на Западот ќе пропадне. Ќе му докажеме дека греши уште еднаш“, напиша Бајден на Твитер.

 

Борис Џонсон потврди: Британската армија ги обучува украинските сили

 

Loading...

Тој изјави дека континуираната и координирана поддршка на меѓународната заедница, предводена од САД, значително придонела Украина да ја спречи Русија да ја окупира, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА