Бајден пристигна во Хирошима, но нема да се извини за фрлената атомска бомба

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска пристигна во Јапонија, каде што ќе присуствува на самитот на Групата седум (Г7) во Хирошима.

Loading...

Бајден слета во базата на американскиот марински корпус во Ивакуни, која се наоѓа на околу 50 километри југозападно од Хирошима.

Бајден не планира да се извини во име на САД за употребата на атомската бомба во нападот на Хирошима во 1945 година за време на неговата посета на градот, изјави советникот на Бајден за национална безбедност, Џејк Саливан, во авион на пат за Јапонија.

Саливан изјави дека Бајден, како еден од лидерите на Г7, ќе ѝ оддаде почит на историјата и на јапонскиот премиер Фуми Кишида, објави Кјодо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тимот на Трамп планира депортации со помош на војската, дали е тоа изводливо и легално?

Бајден ќе присуствува на тридневниот самит на Г7 кој започнува петок и е вториот актуелен американски претседател по Барак Обама кој ја посети Хирошима, градот уништен од првиот напад со атомска бомба во светот од страна на САД во последните денови од Втората светска војна.

Бајден треба да го посети Меморијалниот музеј на мирот во Хирошима во петок со другите лидери на Г7 пред почетокот на дискусиите кои ќе се фокусираат на клучните глобални прашања, како што се војната во Украина, снабдувањето со храна, чистата енергија, вештачката интелигенција и нуклеарното разоружување.

Саливан рече дека загриженоста и прашањата поврзани со Кина, исто така, ќе бидат тема на самитот на Г7.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден потпиша 50 закони, белоглавиот орел стана официјална птица на САД

Ова е втора посета на Бајден на Јапонија откако ја презеде функцијата во јануари 2021 година.

Loading...