Бајден: Нема да испраќаме авиони Ф-16 во Украина

Сподели со своите пријатели

САД ја отфрлија можноста за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Loading...

„Не“, рече Бајден на прашањето на новинарите дали ќе испрати Ф16 во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара борбени авиони да помогнат во одбраната на земјата, но Бајден постојано велеше дека авионите не се на маса.

Макрон: Украина не побара од Франција борбени авиони

Францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте изјавија дека не ги добиле барањата на Украина за борбени авиони.

„Немаме такво барање од Украина“, рече Макрон.

Тој додаде дека, иако Франција не добила никакви барања, „во принцип, ништо не е забрането“.

Тој инсистираше на тоа дека секое барање мора внимателно да се разгледа.

Холандскиот премиер изјави и дека Холандија не добила никакви барања за борбени авиони Ф-16.

Loading...

„Нема табу, но сепак тоа би бил многу важен чекор. Ако тоа се случи, ќе размислиме, ќе видиме каква е ситуацијата со нашите сојузници“, рече Руте.

Шолц: За мене е завршена дебатата за авионите

За време на посетата на Чиле, германскиот канцелар Олаф Шолц уште еднаш го отфрли испраќањето борбени авиони во Украина и изрази желба да ја прекине дебатата.

„Чудно е што воопшто се води оваа дискусија. Мораме да се запрашаме дали се работи за внатрешно-политички мотиви или за помош за Украина“, рече Шолц.

За време на посетата на Чиле, германскиот канцелар објасни дека веднаш по почетокот на рускиот напад на Украина, во разговор со американскиот претседател Џо Бајден ја отфрлил можноста за испраќање борбени авиони.

„Тогаш беа отфрлени неразумните размислувања, како што е испраќањето војници. И мислам дека се е веќе кажано на таа тема, исто така што се однесува до мене“, рече Шолц.

Полска: Подготвени сме да испратиме авиони Ф-16 во Украина

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави денеска дека Полска е подготвена да испрати во Украина борбени авиони Ф-16 од американско производство.

„По ова прашање ќе дејствуваме во координација со другите членки на НАТО и со САД“, рече Моравјецки.

Иако САД нема да испратат Ф-16, другите западни земји имаат авиони од американско производство што би можеле да ги испратат во Киев.

Loading...

На пример, холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра му рече на парламентот минатата недела дека владата ќе размисли за испраќање Ф-16 во Украина доколку Киев го побара тоа.

Но, таков трансфер прво би требало да биде одобрен од Америка.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.