Бајден негира дека знаел однапред за претресот кај Трамп

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден негираше дека бил однапред информиран дека ФБИ ќе го пребара имотот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго претходно во август, јавува Анадолија.

Loading...

„Немав претходно известување. Ништо“, рече Бајден на прашањето дали бил однапред известен за плановите на ФБИ да ја пребара резиденцијата во Палм Бич, Флорида.

Белата куќа претходно негираше дека Бајден знаел за плановите за пребарување.

Трамп и неговите републикански сојузници тврдат дека акцијата одобрена од судот е политички мотивирана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Иран десетта ноќ по ред протести

Пронајдени кутии со класифицирани материјали

ФБИ соопшти дека пронашла 11 кутии со доверливи материјали во Мар-а-Лаго за време на претресот на 8 август, вклучително и официјални записи означени со највисоко ниво на класификација во американската влада.

ФБИ го истражува Трамп за прекршување на три федерални закони, вклучително и кршење на Законот за шпионажа, отстранување или уништување на официјални досиеја и попречување на правдата.