Бајден и Харис ги обиколија областите погодени од ураганот Хелена

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис ги посетија заедниците уништени од ураганот Хелен.

Администрацијата на Бајден распореди 1.000 војници за чистење и вети дека ќе ја плати сметката за отстранување на остатоците во некои држави.

Невремето уби повеќе од 180 луѓе во шест држави и стана проблем во кампањата за претседателските избори.

Бајден пристигна во Јужна Каролина и беше информиран за напорите за расчистување. Потоа прелета со хеликоптер над градот Ешвил, во Северна Каролина, погоден од поплавите.

– Она што го видов беше потресно – објави Бајден на социјалните мрежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Враќање на НАТО во 1997 година: Што бара Путин од Европа?

– Но, на терен сме сведоци како соседите им помагаат на соседите, волонтерите и работниците кои стојат еден до друг, луѓето се потпираат еден на друг. Ова е Америка – истакна тој.

Бајден, исто така, предупреди дека климатските промени ја зголемуваат фреквенцијата и интензитетот на бури како Хелена.

– Никој повеќе не може да го негира влијанието на климатската криза, барем се надевам дека нема да може. Тие мора да бидат без умот ако го сторат тоа“, рече тој.

Одделно од него, Харис ги посети областите на Џорџија погодени од невремето, каде што се сретна со семејствата погодени од катастрофата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Лореал“ се спогоди со четири жени со рак: Ги користеле нивните производи, на чекање уште 13.000 тужби

Таа го посети Центарот за помош на Црвениот крст во Аугуста каде што подели оброци на луѓето на кои им е потребна.

„Има вистинска болка и траума што ги предизвика овој ураган и што се случи во однос на неговите последици“, рече Харис.