Бајден: Америка не поддржува војна во Газа која би траела година дена!

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонски разговор минатата недела дека нема да поддржи едногодишна војна во Појасот Газа, пренесува израелскиот портал Walla.

Loading...

Повикувајќи се на двајца анонимни американски функционери, порталот наведува дека Бајден побарал од Нетанјаху Израел што е можно поскоро да премине на борби со низок интензитет против Хамас, што би ги намалило цивилните жртви.

Бајден му рекол и на Нетанјаху дека не ја разбира стратегијата на Израел за завршување на војната и побарал од него да одговори каков е планот за периодот по завршувањето на војната, пишува „Тајмс оф Израел“.

Кабинетот на Нетанјаху, како одговор на пишувањето на Вала, истакна дека „премиерот е благодарен за поддршката на Бајден и дека во разговорот со американскиот претседател јасно ставил до знаење дека Израел е решен да ја продолжи војната додека не се исполнат сите цели“.