Чешка нема да ја исполни целта на НАТО од два проценти од бруто домашниот производ за одбрана оваа година, изјави денес чешкиот премиер Андреј Бабиш пред самитот на Алијансата во Анкара.
Бабиш рече дека владата во Прага ќе се стреми да ги зголеми трошоците за одбрана на ниво од два проценти во буџетот за 2027 година, пренесува Ројтерс.
Чешкиот премиер во вторник изјави дека владата планира да го зголеми буџетот на Министерството за одбрана за 36 милијарди круни само следната година, и дека нема да издвои пари за Украина од својот буџет.
Дополнително, тој го спомена подобрувањето во регрутирањето војници како позитивна работа.
„Секако, сакаме да го имплементираме новиот концепт на нашата армија, што е противвоздушна одбрана, одбрана од беспилотни летала, како и обврските поврзани со бригадите што ги имаме долго време со НАТО“, рече чешкиот премиер, како што објави Танјуг.

