Азиската економија ќе порасне за 4,7 отсто оваа година, објави Азиската банка за развој (ADB) со седиште во Филипини во својата септемвриска прогноза.
Како што е наведено на веб-страницата на оваа организација, прогнозата за раст за 2024 година е непроменета во однос на априлската прогноза и изнесува 4,8 отсто.
АДБ очекува инфлацијата во Азија да биде 3,6 отсто оваа година и благо да падне на 3,5 отсто следната година, но во исто време ја ревидираше надолу прогнозата за економскиот раст за Кина и Индија, пренесува Танјуг.
Според АДБ, кинеската економија годинава ќе порасне за 4,9 отсто, а индиската за 6,3 отсто.
Во април, Азиската банка за развој очекуваше дека кинескиот БДП ќе порасне за пет проценти оваа година, а индиската економија за 6,4 проценти.
Прогнозата предупредува и на економски ризици, пред се слабост во кинескиот сектор за недвижности, како и можни последици од климатскиот феномен Ел Нињо врз снабдувањето со храна.