Азербејџан поднесе барање за членство во меѓудржавното здружение БРИКС, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на таа земја.
Според извештаите, на 3 јули, во рамките на самитот на Шангајската организација за соработка во Астана, Азербејџан официјално изразил желба да се приклучи на БРИКС, пренесува Интерфкс.
БРИКС ги вклучува Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Иран.
Кој друг сака да стане член на БРИКС?
Интерфакс објави дека Алжир, Аргентина, Бангладеш, Бахреин, Белорусија, Боливија, Венецуела, Виетнам, Куба, Хондурас, Индонезија, Казахстан, Кувајт, Мароко, Нигерија, државата Палестина, Сенегал и Тајланд исто така поднеле официјални апликации за приклучување кон организацијата.