Автопатот Куманово – Скопје во иднина ќе биде приоритет за реконструкција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Автопатот кој ги поврзува Куманово и Скопје ќе биде меѓу приоритетите на петгодишната програма за автопати, регионални и експресни патишта.

Како што рече денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, интензивно се работи на планирање на реконструкција и на автопатите и експресните патишта.

– Се прават напори да се добијат финансиски средства, да се добијат кридити, извори на средства од каде тие ќе бидат финансирани, сигурно и патниот правец Скопје – Куманово, како и триаголникот Хиподром, Петровец – Миладиновци е во тој приоритет. Не можеме точно да кажеме сега, но интензивно работиме и на петгодишната програма за регионални патишта, автопати и експресни патишта, која последна е направена во 2013 година, изјави Трајановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка на булевар возела над 90 километри на час, полицијата ја привела

 

 

Со таа програма вели тој, ќе се знае однапред пет години кои ќе бидат приоритетите за работа.

Никола Ивановски