Автомобилот разнесен од бомба е сопственост на член на Совет на Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Фериз Дервиши советник во Советот на Општина Куманово е сопственикот на автомобилот кој рано утринава беше разнесен од бомба, дознаваме од информации од теренот.

Loading...

Случајот во полиција го пријавил неговиот син Р.Д. а од полицијата засега излегоа само со штуро соопштение, со оглед дека увидот на местото на настанот се уште е во тек.

– Околу 00.25 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, Р.Д. пријавил дека на ул. „Сава Ковачевиќ“ во неговото патничко возило „Фоклсваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки експлодирала експлозивна направа, велат од полицијата.

 

 

Во инцидентот нема повредени, а нанесена е само материјална штета на возилото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се најдобрите пожарникар и полицаец за 2024 година во Куманово

Советникот Дервиши инаку е член на претседателството на кумановскиот огранок на ДУИ. Освен што е бизнисмен и извршува јавна функција во Советот на општината, тој е роднина на Наип Реџепи од Куманово, кој во април беше убиен во престрелката во Мала Речица.

Loading...

 

 

Утринава полициски службеници со автоматско оружје и панцири имаше на неколку локации во градот, што предизвика вознемиреност кај граѓаните.

Бомба разнесе автомобил во Куманово

Leave a Reply