Автомобил со Сиријци излетал од патот кај Страцин

Сподели со своите пријатели

Деветмина мигранти од Сирија вчера излетале од коловозот во близина на селото Страцин, откако нивнио шверцер не застанал на знак од полицијата.

Loading...

– На 02.08.2023 во 05.00 часот во с.Трновац, на место викано Златановци, кратовско, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(19) од велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, на 01.08.2023 во 20.30 часот на автопат Куманово-Табановце полициски службеници забележале патничко возило „мерцедес мл 320“ со велешки регистарски ознаки, кое не застанало и кај место викано „Поповски рид“ пред село Страцин излетало од коловозот, а возачот и мигрантите се дале во бегство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово

По преземени мерки биле пронајдени 9 лица мигранти од Сирија, кои биле пренесени во Транзитниот центар „Табановце“, а по преземени дополнителни активности бил пронајден и Х.Д., кој со возилото ги превезувал мигрантите.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Никола Ивановски