На австрискиот пазар на труд му недостасува персонал за угостителство, соопшти денес Сервисот за вработување (АМС), со прецизирање дека во првата половина од годината се барале 14.259 келнери, 10,227 готвачи и 5.091 помошници во кујна.
Голема побарувачка исто така е регистрирана во областа на чистење згради (9.598), пакување на роба (7.574), општа помошна работна сила (5.995), како и за работници во магацин (4.778).
Претседателот на Стопанската комора на Австрија, Кристоф Леитл, неодамна констатираше дека не може да ги разбере натписите во весниците кои тврдат дека кафеаните се затвораат затоа што се јавува недостиг од работна сила, која е подготвена да работи и за викенд.
– Очигледно нешто не чини во нашата земја, нагласил тој, додавајќи дека за сигурно не станува збор за неодоливи примања.
Од 1 мај оваа година, вработените во хотелиерството и угостителството имаат законски осигурната минимална плата во висина од 1.400 евра бруто плата месечно.