Австралија: Референдум за промена на Уставот за признавање на домородните народи

Сподели со своите пријатели

Австралискиот премиер Ентони Албанез денеска изјави дека на 14 октомври ќе се одржи референдум за промена на Уставот за признавање на домородните народи.

Loading...

Целта на референдумот е Абориџините и жителите на островот Торес да добијат можност да ја советуваат владата во парламентот за прашања кои се однесуваат на нивните заедници, односно за формирање на советодавно тело, домородниот комитет „Глас до парламентот“.

Потребно е повеќе од 50 отсто од гласачите да се изјаснат за промената за референдумот да успее, а тоа во најмалку четири од шесте австралиски сојузни држави, пренесе Ројтерс.

Албанез на прес-конференција во сојузната држава Јужна Австралија го објави датумот на референдумот, кој би можел да го одреди исходот.

Абориџините сочинуваат 3,2 отсто од вкупното население на Австралија од 26 милиони.

Поддржувачите на промена на Уставот тврдат дека тоа ќе помогне да се поправат прекинатите врски со абориџинската заедница и да се обедини нацијата.

Противниците тврдат дека тоа ќе доведе до поделба меѓу Австралијците, пренесува Танјуг.