Австралија потврди: Се формираше Ел Нињо!

Сподели со своите пријатели

Австралискиот метеоролошки институт денеска го потврди формирањето на феноменот Ел Нињо, кој се очекува да донесе топли и суви временски услови кои придонесуваат за избувнување на пожари на отворено, пренесува AFP.

Loading...

Карл Браганза, директор на Агенцијата за следење на климата при австралиското биро за метеорологија, рече дека климатска шема слична на Ел Нињо се формирала над Тихиот Океан и се совпаѓа со необичен пролетен топлотен бран што моментално ја пече југоисточна Австралија.

Поради топлотниот бран кој го зафати тој дел од земјата, властите прогласија забрана за пожари на отворено во областа Сиднеј.

Се очекува топлотниот бран да влијае на производството на пченица во Австралија, која е еден од водечките светски извозници.

„Во некои делови од земјата веќе гледаме екстремни временски услови, особено за време на топлотниот бран. На почетокот на пролетта имавме долг период на топло и суво време“, изјави Браганза за новинарите.